Гардијан – Лондон
Луѓе, супер вести. Една компанија во Северна Кореја открила лек за се. Државната телевизија во Северна Кореја извести дека Кумданг-2, еден вид на женшен кој расте во „ретко земјено молекуларно ѓубриво“, „спречува ралични видови малигни епидемии“.
Приказната беше објавена во Северна Кореја која во моментов се соочува со фатална епидемија од МЕРС (блискоисточен респираторен синдром), а креаторите на Кумданг-2 тврдат дека може да се излечи. Според веб страната kumdang2.com едноставна инјекција од оваа состојка може да излечи цела палета на болести:
-Алергиски кожни болести, изгореници, кожни воспаленија, надуеност
-Козметички ефекти
-Дијабетес
-Разни видови воспаленија, грозница од непознати причини, губење на апетит
-Нарушувања пред и по породување
-Зависности од дроги
-Епидемиски болести, меѓу кои птичји грип и нов грип, и сида
-Гастритски хеморалгии, стомачни грчеви, болести на дебелото и тенкото црево
-Срцеви болести, артритис
-Хипотензија, импотенција
-Инфекции, адхезија (залепени ткива) и лузни по медицинска операција
-Оштетувања на јетрата од алкохол
-Малигна треска и друг вид на зимогрозливост
-Медицински труења, штети предизвикани од употреба на компјутери, болести на устата
-Невралгии, неврози, дебилност, несоница
-Панкреатитис, труење од затруена храна, тироидни заболувања
-Полипи, мијалгија, вегетативна невроза
-Спонтана гангрена, епилепсија
-Стерилитет предизвикан од недонесеност, менструални пореметувања, циститис
-Стимулација за растот на децата, антирадиоактивност
-Третман за хепатитис А, Б, Ц, Д, Е, Г
-Туберкулоза, болести на матката и други цревни хеморалгии
-Разни видови канцери
-Венерични болести, отпорност на стареење
Се плашите од игла? Нема проблем. Инјектирањето на овој лек дури и не боли. И НЕМА СПОРЕДНИ ЕФЕКТИ! Посебно ако планирате да се ослободите од брчки и акни.
„Клиничките резултати покажаа многу добри знаци на лицето: многу брчки се отстранети, грануломите станаа помали или исчезнаа, а олабавените мускули повторно се затегнати што резултира со фина затегнатост на кожата. Брадавици, црни дамки, изгореници, акни, траги од сипаници, и сите видови воспаленија исчезнуваат, кожата на лицето станува чиста, мека, бела и еластична, а очите блескаат“.
Се надеваме дека сфативте дека сме 100 проценти саркастични. Не можевме да најдеме никакви други испитувања од овој тим таканаречени научници, но постојат големи причини да се биде скептичен. Ако со овој лек можат да се излечат куп болести кои никако и не се поврзани, тогаш вашиот детектор за глупости најверојатно веќе свети и свири.
Тажно е, но ова чудо од лек најверојатно никогаш нема да се случи.
Но чекајте, Северна Кореја ова никогаш не би не излажала… нели?