Со пресекување на џиновските сомун и татлија попладне во Радовиш ќе биде означен почетокот на шестата традиционална манифестација „Сомун ем татлија“.
Манифестацијата се очекува да ја отвори градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, а во наредните три дена бројните посетители ќе можат да вкусат од радовишките специјалититеи и да уживаат во богатата музичка програма.
Организатор на манифестацијата е Здружението „Експирианс“ од Радовиш, а покровител е општина Радовиш.