Во првата година од мајчинството жените заплакуваат по 150 пати!

Од:

Мајчинството е една од најубавите улоги на жената. Носи многу среќа, задоволство и блаженство, но и грижи, замор и немир.

Следува интересна статистика низ која ќе помине речиси секоја новопечена мајка:
– Мајките во просек губат три часа од сонот секоја ноќ во првата година од животот на бебето, што вкупно изнесува 45 дена.

– Со телефонот ќе успеете да направите дури 276 слики од вашето бебе во првата година од неговиот живот. 

– До крајот на првата година ќе вклучите 715 машини за перење облека, што значи дека ќе се наведнете 1.430 пати за ја ставите и извадите облеката. 

– Во просек ќе потрошите меѓу 248 и 320 пелени. Од нив само во првата недела ќе потрошите 84 и во просек ќе поминете 120 часа – годишно менувајќи пелени. 

– Доколку доите на тоа ќе потрошите 32.400 минути. Исто така речиси 80 отсто од бебињата го препознаваат мирисот на мајчиното млеко. 

– Ќе мора да почекате 60 дена за првата насмевка на бебето. Кога еднаш ќе научат да смејат тие ќе се насмевнуваат во просек по 300 пати на ден.

– И додека бебињата се смеат, мајките можат да заплачат, што поради замор, што поради среќа или хормони и тоа дури 150 пати во текот на првата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска