Во спомен на најголемата македонска поп ѕвезда Тоше Проески, во центарот на Прилеп денеска ќе биде подигнато спомен обележје-мозаик со неговиот лик.
Голем мозаик во форма на солза со ликот на балканската поп – ѕвезда Тоше Проески изработи Ристо Тошески – професор по физичко воспитување од Прилеп.
Големо дело за голем човек, претставува Мозаикот за Тошески кој макотрпно го работел 4 години. Секое камче го има изработено рачно, воден од голема љубов кон Тоше на мозаикот решил и го изработил ангелот од Курбиново, 26 цвеќиња кои ги симболизираат годините на Проески, две цреши и виолинскиот клуч.
Тука, вели Тошески е и пораката која беше заштитен симбол на Тоше „Ве сакам сите“.
Мозаикот е поставен во центарот на градот во близина на домот за култура „Марко Цепенков“. Сместен во мало езерце, автентично уредено и со специјални ефекти осветлено и дење и ноќе. Ликот на Тоше ќе одблеснува од водата.