Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Од:

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле прстен со дијамант од 17 карати, вреден три милиони евра.

Крадците, претставувајќи се како доставувачи, упаднале во станот синоќа околу 23 часот, при што ја удриле сопственичката, а нејзините деца на возраст од девет и 16 години ги испрскале со солзавец.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, грабежот се случил во елитниот дел на францускиот главен град, во близина на Плас де Л’Етуал.

Двајцата разбојници со голем раст, кои биле облечени во црно и носеле мотоциклистички шлемови, ски очила и ракавици, откако влегле во станот, им наредиле на жртвите да легнат на подот.

Потоа тие го впериле оружјето во 16-годишникот, барајќи да им покаже каде е семејниот сеф, при што забележле дека мајката се обидува да го скрие прстенот во корпата на кучето и и го одзеле.

Покрај скопоцениот прстен, насилниците украле и два швајцарски часовници од брендот „Одемар Пиге“, едниот вреден 30.000 евра, а вториот украсен со дијаманти, вреден 150.000 евра.

По грабежот разбојниците избегале во непознат правец.

Сопственичката на ујрадениот прстен е 47-годишна сопственичка на десетина компании, меѓу кои и агенција за недвижности и продавници.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска