Во чест на одбележувањето на роденденот на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, „Форумот на младите Македонци“ од Панчево, Србија, организира повеќе хуманитарни активности.
Манифестацијата „Срце није камен“ ќе биде одржана денеска во Панчево и ќе почне со акција за доброволно дарување на крв во Службата за трансфузија на крв, а потоа продолжува во панчевскиот клуб „Купе“ каде ќе настапат Александра Милутиновиќ и Даниел Кајмакоски.
Целиот приход од манифестацијата ќе биде дониран на Центарот за церебрална парализа во Белград.
Форумот на млади Македонци оваа хуманитарна манифестација ја организира по четврти пат, оваа година прв пат во Панчево.