Во Охрид ќе се одржи третиот меѓународен кубански танцов фестивал „Хола Охрид 3“

Од:

Денеска започнува третиот меѓународен кубански танцов фестивал „Хола Охрид 3“, кој ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“ со поддршка на ЈП Паркинзи на Општина Центар-Скопје, во периодот од 04 до 06 август 2017 година, во хотелот Конгресен центар во Охрид.

Во рамките на тридневната програма на фестивалот, ќе се одржат дневни танцови работилници со професионални Кубански танчери и ноќни забави во Кубански ритам, кои се од отворен карактер.

Работилниците ќе ги држат познати светски артисти од светот на Кубанските танци: Eneris Mulgado Veitia (Куба), Ivancito Camaguey (Куба), Barbara Jimenez (Куба), Orliandis Minoso Jimenez (Куба), Oliwia Szewczak (Полска) Barnabas Magyar (Унгарија), Немања Лазовиќ (Србија), Кристина Стојановиќ (Србија), Марија Спасиќ (Србија), Стефан Савин (Србија), Иван Јовановиќ (Црна Гора), Ивана Јовановиќ (Црна Гора), Sopho Esitashvili (Грција) и Vasilis Giotsis (Грција).

Фестивалот „Хола Охрид“ од година на година ја зголемува својата популарност и станува познат бренд кај љубителите на Кубанските танци и Кубанската музичка култура.

Танцовиот клуб „Сонриса“ веќе трета година по ред го организира Кубанскиот танцов фестивал – Хола Охрид. „Сонриса“ постои веќе 5 години и брои повеќе од 200 членови. Активно ги изучува латино танците, со фокус на кубанските танци и кубанската култура. Инструктори и основачи на танцовиот клуб се Нина Лековска и Димитар Мишев, кои имаат долгогодишно искуство во посета и учество на голем број фестивали надвор од нашите граници, како во Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Тунис, и други.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска