Московските родители се почесто на нивните деца им даваат имиња поврзани со актуелните политички движења во и околу Русија, па така од родилиштата на свет излегуваат мали Севастопољи, Универзуми, Мугри, Византијци и Месечини.
– Имињата Луна и Ласвет (Месечина и Мугра) ги имавме и порано, но Севастопољ (град на Крим), Визант и Сила – не, изјави директорот на московскиот централен регистар Ирина Муравева, додавајќи дека тоа е „секако, поврзано со политичката ситуација во светот“.
Таа рече дека иако на на новородени момчиња им се даваат карактеристични имиња, сепак најпопуларни во Москва и натаму се Алксандар и Софија.
Кај момчињата меѓу популарните имиња се и Максим, Михаил, Арем и Иван, а кај девојчињата Марија, Анастазија, Ана, Елизабета и Викторија.