Во спомен на трагично загинатиот македонски пејач и хуманист Тоше Проески синоќа во Лондон се одржа хуманитарен концер.
На концертот во црквата Емануел настапија Тања Царовска, која живее и работи во Велика Британија, гудачкиот квартет Фортуна од Лондон, како и неколкумина млади пејачи и музичари по потекло од Македонија и Балканот, но и од другите етнички заедници во британскиот главен град.
На концертот беа исполнети и неколку песни од репертоарот на Проески со кои тој стана познат и популарен не само во Македонија, туку и пошироко.
Пред почетокот, отец Виктор Стојчев од македонската православна црква „Свети Архангел Михаил и сите Светци“ во Лондон, одржа црковна литургија посветена на пет годишнината од смрта на младиот Тоше.
Организатор на спомен концертот беше Роза Харст која соопшти дека собраните пари од синоќешната приредба ќе се испратат во Фондацијата на Проески во Македонија.