Данска годинава по третпат ќе биде домаќин на Евровизија.
Отворањето на ова старо и некогаш многу популарно музичко натпреварување е вечерва во историското здание на градската управа на Копенхаген.
Полуфиналните вечери се на 6 и на 8 мај, а финалето е на 10 мај.
Земјата беше домаќин на Евровијата во 1964 и 2001 година.
Натпреварот ќе се оддржи на невообичаено место – во старото бродоградилиште Бурмајстер и Вајн, на островот Рефхалеон, во источниот дел на Копенхаген, кое беше затворено во 1996 година. Денеска на еден од доковите на бродоградилиштето е изградена сала за 10.000 гледачи и има водена сцена, што наликува на брод.
Буџетот на Евровизија изнесува 190 милиони дански круни (25 милиони евра)