Во Кина се продаваат три Боинг 747 преку интернет

Од:

Една кинеска аукциска онлајн платформа неодамна објави оглас за продажба на авион – џамо џет, што за многумина би било остварување на сонот.

Аукциската онлајн платформа Таобао, кинеска верзија на и-Беј, за продажба нуди три Боинг 747, претходно користени од кинескиот карго превозник Џејд Карго Интернешнл.

Авионите од 2013. година се наоѓа во хангар во Шангај и Шензен, откако фирмата банкротираше. Тие се одземени од страна на судот, а во досегашните аукции судот не успеал да ги продаде.

Според пишувањеата на кинеските медиуми, ова е прв случај суд да нуди авиони на јавна продажба, а нивната цена се движи од 18,5 до 20 милиони долари.

Според барањата на судот, потенцијалните купувачи ќе мора да осигураат готовински депозит најдоцна до 20. октомври, а аукцијата завршува месец дена подоцна.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски