Во Кавадарци се одржа детскиот фестивал „Ластарчиња”

Од:

Во Кавадарци синоќа се одржа третиот по ред меѓународен детски фестивал „Ластарчиња”, на кој учествуваа 30 солисти и 80 хористи и членови на танцови групи, на возраст од 5 до 11 години, како и гости од Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

– Целта е на паметен начин да се искористи слободното време на децата, да се дружат и социјализираат, а  она што е најважно,  да бидат откриени нови таленти за пеење кои во иднина ќе бидат гордост на македонската музика, рече уметничкиот директор на фестивалот, Стефка Саздовска.

Таа нагласи дека во рамки на соработката со повеќе вакви фестивали од други земји, македонскиот солист Марија Мишева освои прво место од публиката во Ужице,   Србија,  додека Сара Саздовска влезе во осумте најдобри при интернет гласањето од повеќе земји, на фестивал во Софија, Бугарија.

Саздовска го најави и фестивалот за тинејџери за во септември годинава.

Химната на фестивалот, заедно со дечињата,  ја пеат Наташа Малинкова и Александар Белов.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски