Во Торонто е отворен привремен ресторан во кој што работат ХИВ позитивни лица, а целта на идејата е да се урне митот и верувањата дека вирусот се шири преку храна.
Ресторанот е отворен вчера, а готвачот е лице заразено со ХИВ. Вработените носат престилки со натписи „Бакни го ХИВ-позитивниот готвач” и саркастичната шега „Добив ХИВ од тестенини”.
Идејата да се отвори таков ресторан потекна од минатомесечното истражување, според кое, половина од испитаниците изјавиле дека би конзумирале храна приготвена од некој што е заразен од ХИВ.
Влезниците за тој привремен ресторан се продадени за помалку од две недели.
– Сакаме да направиме нешто вакво и во Њујорк, Сан Франциско, Лондон, изјави еден од сопствениците на ресторанот.