Во Битола почнува новогодишната програма за деца и млади

Од:

Општина Битола од денес ќе почне со реализација на новогодишната програма што ќе биде изведена на плоштадот „Магнолија“.

Според програмата, денеска од 11 до 15:30 часот ќе бидат изведени детските претстави „Јунаците од цртаните филмови“ и „Изгубената светилка“, а ќе се слуша и музика од детските фестивали „Си-До“ и „Трал-ла-ла“. Настап ќе имаат групите „Фијакер“, „Бандерола бенд“ и „Блузмен“.

Новогодишната програма ќе продолжи утре со детската претстава „Самовилата од напуштениот замок“, детско-тинејџерските музички блокови и настапот на комичарот Марјан Ѓеоргиевски.

За дочекот на Новата 2013 година, ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари, на плоштадот „Магнолија“ се подготвува голем музичко-сценски спектакл со настап на познати музички ѕвезди од македонската естрада. За Битолчани и гостите во овој град своите хитови ќе ги пејат Владо Јаневски, Влатко Лозановски, Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски, Нико, Сефедин Бајрамов и младата пејачка Магдалена Цветковска-Ена, потоа групите „Фолтин“, „Силви бенд“, „Памперс“, „Баклава“ и „Боеми“.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски