Тинејџерките треба да ја искористат можноста, доколку нивната баба живее во близина почесто да ја посетуваат, со неа немаат потреба да заземаат одбранбен став, бидејќи таа одлично ги разбира сите нивни сомнежи.
Девојките во пубертет често пати не се свесни колку се среќни доколку имаат здрава баба, која живее во нивна близина. Тие треба да ги искористат предностите од оваа прекрасна можност која, за жал, ја немаат сите врсници и да се потрудат подобро да ги запознаат и што почесто да ги посетуваат.
Познато е дека понекогаш родителите умеат да им го загорчат животот на тинејџерите. Иако безусловно ја сакаат својата мајка, тинејџерите често пати се во конфликт со неа, а притоа ниту тие, ниту таа не знаат точно зошто.
Со бабите е поинаку. Кога разговарате со нив не чувствувате потребата веднаш да заземете одбранбен став и не се лутите на секој нејзин коментар.
Колку и да ви изгледа неверојатно, сепак треба да бидете свесни дека вашата сериозна и смирена баба некогаш била откачена 16-годишна девојка. Таа толку многу преживеала и многу добро знае низ каков бурен животен период поминува нејзината внука, одлично ги разбира сите нејзините сомнежи и може да понуди повеќе мудри одговори на прашањата кои ја мачат.
Благодарение на богатото искуство има многу поширок поглед на светот. Навистина и родители и пријателите се во состојба да дадат по некој добар совет, но ништо не може да се спореди со нејзината мудрост и животното искуство.
Запомнете, како и вашите родители и бабите безусловно и безгранично ве сакаат. Што повеќе такви личности има околу вас ќе бидете посреќни и позадоволни. Затоа возвратете ја љубовта, посетувајте ги почесто, разговарајте со нив и уживајте во зедничките моменти. Тоа еден ден ќе бидат ваши најдраги моменти.