Влатко Лозаноски и Есма утре премиерно ќе ја изведат дуетската „Империја”, со која Македонија ќе ја претстават на Евровизија 2013, во Малме, Шведска.
Во склоп на евровизиското ТВ-шоу, ќе биде промовиран и официјален спот.
Шефот на евровизиската делегација, Љупчо Мирковски изјави дека упорноста и трудот секогаш одат заедно и резултираат со успех.
Како доказ на ова тврдење, подготвивме шоу, за кое нескромно можам да кажам дека ќе изгледа и повеќе од светски. Преку шоуто, нашите гледачи ќе имаат можност да бидат сведоци на она на што подолг временски период неуморно работи тимот на Македонската радио телевизија и безрезервно вложува во проектот наречен Евровизија 2013 – изјави Мирковски.
Гледачите утре ќе имаат можност да уживаат во неколку теми од нивната долгогодишна кариера, како и во богата музичка програма.
Автори на „Империја“ се Симеон Атанасов, Дејан Момировски и Борче Нечовски, а видео спотот го сними „Егзит Продукција“, на повеќе локации низ Скопје.