Експертите со анализа заклучиле дека поголемо ниво на витамин Б6 може да биде поврзано со намален ризик од појава на симптоми на депресија.
Тоа го покажува студија објавена во списанието „The European Journal of Clinical Nutrition“, која го истражувала влијанието на витаминот Б6 врз појава на депресија кај лица од 21 до 67 години во Јапонија.
Во студијата учествувале 422 испитаници, кои ја пополниле анкетата, при што 210 испитаници се следени три години и немале симптоми на депресија.
Намирници кои изобилуваат со овој витамин се млекото и млечните производи, јајца, квасец и сурутка.