Постарите лица би можеле да го спречат Алцхајмер со земање додатоци во исхраната со витамин Б, затоа што тој спречува собирање на мозокот што е поврзано со оваа болест во 90 отсто од случаите, тврди нова студија.
Конзумирањето витамини Б6, Б12 и фолна киселина, може да го намали нивото на хомоцистеин, амино-киселина поврзана со собирање на мозокот во услови слични на Алцхајмерова болест.
Претходни студии покажаа дека кај пациенти со благо когнитивно оштетување, кое претходи на Алцхајмер, забележано е до 50 отсто помалку собирање на мозокот доколку земале суплементи со витамин Б.
Меѓутоа, новата студија спроведена на 156 лица од страна на истражувачите од Оксфорд универзитетот, открила дека ова собирање е намалено за 90 отсто во одделни делови на мозокот кои се најранливи кај пациенти со Алцхајмер.
– Нашата работа покажа дека клучниот дел од процесот на болести кои водат до Алцхајмер се атрофирање на специфични региони на мозокот. Тоа е можно со модифицирање на проста и безбедна интервенција, изјави др. Дејвид Смит, лидер на студијата.
Меѓутоа, експертите се внимателни кај донесување заклучоци и препорачуваат здрава исхрана и вежбање а не земање суплементи.
– Премногу е рано за каков било заклучок. Не е јасно дали овие ефекти значат дали некој ќе има помали шанси за добивање деменција во подоцнежни години ниту дали земањето Б витамин помага на лицата кои веќе имаат Алцхајмер, изјави др. Ерик Каран, директор на Центарот за истражување на Алцхајмер во Велика Британија.