Витамините од Б групата го намалуваат ризикот од инфаркт

Од:

Со анализа на 14 клинички студии спроведени врз 54.913 испитаници, набљудувано е влијанието на земањето додатоци во исхраната во облик на Б витамини, врз ризикот од срцев удар.

Сите студии го споредувале внесот на додатоци во исхраната со плацебо или изразито ниски дози на витамини од Б групата.

Испитаниците се следени во текот на шест месеци, а резултатите од студијата покажале дека внесот на Б витамини во облик на додатоци во исхраната го намалува ризикот од инфаркт за седум отсто, во однос на оние испитаници кои земаат плацебо или ниски дози на витамини Б комплекс.

Меѓутоа, авторите на студијата воочиле дека фолната киселина (Б9) и витамините В12 во облик на додатоци во исхраната не го намалуваат ризикот од инфаркт и не влијаат на јачината на инфарктот.

Авторите на студијата исто така нагласиле дека различните болести, внесот на лекови и збогатените производи можат да влијаат на делувањето на Б витамините во организмот.

Во храна богата со фолна киселина спаѓа зеленото лиснат зеленчук, месо од живина, агруми, особено портокал и грејпфрут.

Намирници богати со Б12 се: цревното месо, месо од живина, риба, морски плодови, јајца, млеко.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска