Витамините и минералите му се потребни на женското тело

Од:

На женското тело му се потребни различни работи за беспрекорно функционирање, а меѓу нив посебно место заземаат минералите и витамините, кои се грижат за здравјето и изгледот.

Многу е важен магнезиумот, кој има голема улога при зајакнување на имунитетот, па затоа е корисен за коските, мускулите и нервите. Магнезиумот ги штити жените од стрес, а тој се наоѓа во житарките, семките, спанаќот или оревестите плодови.

Фолната киселина помага во изградбата на нови ќелии, ги штити срцето и крвните садови, а посебно е важен за време на бременост. Неа ја има во сината риба, авокадото, сојата.

Калциумот ги зајакнува коските и мускулите, а помага при нормален проток на крвта, одржувајќи здрав крвен притисок. Го има во природното млеко, алгите, сушеното овошје, сардините, зелениот зеленчук и оревестите плодови.

Витамините кои се потребни ги има повеќе. Витаминот Д, кој е всушност хормон задолжен за имунитетот, работата на тероидната жлезда и помага при лекување од рак на дојка, се наоѓа во месото, млекото и рибиното масло, а најдобар извор за овој витамин е сонцето.

Витаминот Б7 или витаминот Х е познат и како биотин и задолжен е за преработка на шеќерот во енергијата, правилниот метаболизам и здравјето на кожата. Го има во морковот, карфиолот, жолчката од јајце, бананите и печурките, како и во пилешкото месо и рибата.

Мозокот го штити витаминот Б12, одржувајќи ги нервите и крвните садови здрави, помага во изградбата на ДНК и ја спречува анемијата. Тој е посебно важен за вегетаријанците. Најмногу го има во јајцата, млекото и млечните производи, како и во месото од органско потекло.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска