Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

Од:

Високи британски функционери кои работат во Кабинетот на премиерот на Даунинг Стрит 10, во текот на изминатата година создале комуникациски план за објавување на веста за смртта на мачорот Лери, миленик во резиденцијата на британскиот премиер.

Документот за мачорот Лери е познат под кодното име „Мостови на Лари“ – референца на кодните имиња на деталните подготовки за јавни соопштенија за смртта на постарите членови на кралското семејство, пренесува лондонски Тајмс.

Планирањето за смртта на кралицата Елизабета Втора беше познато по кодното име Операција Лондон Бриџ, додека плановите за објавување на смртта на кралот Чарлс се нарекуваа Операција Менаj мост, според висечкиот мост изграден во 1826 година над теснецот Менај во Велс.

Како монарх од светот на домашните миленици, Лари бил долгогодишен жител на Вестминстерската палата, а бил донесен на Даунинг стрит за време на мандатот на премиерот Дејвид Камерон и тогаш бил прогласен како „надлежен за глувци“.

Мачорот Лери остана во Даунинг Стрит откако премиерот Камерон и неговото семејство се иселиле и оттогаш е постојан жител на премиерската резиденција, и многу британски премиери – Тереза ​​Меј, Борис Џонсон, Лиз Трус и Риши Сунак – мораа да се разделат од него кога ја напуштаа функцијата.

Неименуван извор на „Тајмс“ потврди дека планот „Лери Бриџис“ е дизајниран да „ја соопшти неговата смрт, кога ќе дојде до тоа“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Почина мачката на Путин: Имаше симболично име