Вишните се моќен антиоксиданс, кој има многумелатонин, па затоа позитивно влијаат на сонот и ја регулираат несоницата, покажува американско истражување.
Секојдневното конзумирање свежи вишни, сок или екстракт од ова црвено овошје за 35 отсто го намалува ризикот од болки во коските. Покрај тоа, вишните го блокираат дејството на Ц-реактивниот протеин, кој предизвикува воспаленија во организмот.
Антоцијанинот, антиоксиданс кој на вишните им дава интензивна црвена боја, го зголемува производството на инсулин и до 50 отсто. Затоа вишните се многукорисни за дијабетичарите, бидејќи на природен начин можат да го намалат нивото на шеќер во крвта. Вишните го намалуваат и холестеролот, посебно кај оние пациенти со зголемен крвен притисок.
Антоцијанинот ја подобрува работата на мозокот и меморијата, па затоа ова овошје е вистински избор за меѓуоброк во попладневните часови, бидејќи ја поттикнува моториката.