Вчера Вилкинсон ги пречекори сите високи очекувања и ја круниса првата ноќ на Д Фестивал со настап кој ги воодушеви сите.
Се играше на целиот паркинг, а кулминацијата со хитот „Афтерглоу” беше пречекана во френетичен амбиент. Вилкинсон беше воодушевен од реакциите на нашата публика и изборот се докажа како идеален за супер расположените фестивалџии.
На Вилкинсон му претходеа секогаш добредојдените Бед Копи, кои точно знаат како да ја анимираат македонската публика.
Ништо послаби не беа Р’Н’Р учителите Електрични Оргазам, а честа на нашата сцена достојно ја одбранија силните Поинт Бленк, Новиот Почеток и Фјурион.
На првиот фестивалски ден Дојран беше преполн и фестивалскиот камп „вриеше“ од позитивната енергија на илјадниците кампери.
Низ градот се слушаа повеќе светски јазици, гости пристигаа од цела Македонија, регионот, САД, Германија, Британија и од каде уште не, а расположението беше видливо дури и од Грција…