Вилијам и Кејт се во потрага по дадилка преку огласи

Од:

Кралската двојка бара дадилка за деца. Нејзината плата би била 2000 евра месечно, а покрај платата би добила и автомобил, пишува во огласот, кој го напишал принцот Вилијам.

Освен што би се грижела за бебето, дадилката би имала и други обврски, да го прошета кучето, да оди на шопинг и да ја одржува куќата чиста.

Бараме жена од доверба, која пред се ќе ја штити нашата и приватноста на нашето бебе – пишува во огласот, кој неодамна го објавија Принцот Вилијам и три месеци бремената Кејт Мидлтон.

Нивната дадилка ќе има работно време од 8:30 до 17:00 часот. Ќе ги придружува на сите патувања, но ќе има и слободен викенд.

Вилијам и Кејт планираат да вработат жена која завршила Norland или Čiltern колеџ за дадилки. Сепак, младиот брачен пар планира во воспитувањето на детето, да ги вклучи и членовите на нивните семејства.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство