На продажба е легендарниот „Астон мартин“ на 007.
Спортскиот автомобил е во одлична состојба. Во него „се возеше“, неуништливиот британски таен агент.
“Астон мартин” DBS V12 купе, кој се појави со Џејмс Бонд е ѕвездата на голема хуманитарна вечер на 50-годишнината од појавата на првиот филм за Џемс Бонд, “Др. Но”.
Автомобилот, црна боја, модел од 2008 година. година, треба да се продаде за не помалку од 100.000 фунти (160.000 долари) на една ексклузивна аукција.
Сите приходи од аукцијата одат во е хуманитарната акција посветена на заштитата на децата “Barnardo”.
Куќта а “Кристи” соопшти дека 40 предмети ќе бидат понудени на онлајн аукција од 28 септември до 8 октомври и сите приходи ќе одат во УНИЦЕФ.
Повеќето од предмети се во сопственост на продуцентите на Бонд филмовите , но некои донации се и на Тимоти Далтон, на компанијата “Астон мартин” и на семејствата на Ијан Флеминг, креаторот на агентот 007
„Астон мартин“ ДБС е едно од седумте возила кои биле користени за време на снимањето на филмовот “Зрно утеха“.
„Астон мартин“, прв пат се појави во “Голдфингер” во 1964.