ВИДЕО: „Златна кобра“ – вежба на американската војска на која отсекуваат глава од змија и ја пијат нејзината крв

Од:

Армијата на САД секоја година организира сурова обука за преживување наречена „Златна кобра“. Оваа обука е најголема од ваков тип во светот, а војниците покрај редовните воени вежби учат и некои специфични методи за преживување.

Инструкторите ги учат како да фатат кобра, да ѝ ја отсечат главата и да ја испијат нејзината крв директно од телото.

„Златна кобра“ прв пат е одржана во 1982 година како воен тренинг за подобрување на кооринацијата помеѓу вооружените сили на САД и Тајланд.

Оваа вежба имала за цел да ги зајакне врските меѓу САД и Тајланд. Манифестацијата сепак се проширила на 35 земји, вклучувајќи ги и Индонезија, Јапонија, Малезија, Сингапур, Јужна Кореја и останати земји од Азија.

Во 2015 година за прв пат учествуваше и Кина, но на кинеските војници им беше дозволено да учествуаат само во оние аспекти кои се однесуваа на нудењето хуманитарна помош.

Вежбите на теренот вклучуваат и различни врсти на обуки за користење оружје, додека хуманитарните акции подразбираат давање помош, евакуации и слично.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19