Снимка на жена која во 1938. се движи по улица, носејќи мобилен телефон ја шокираше јавноста и веднаш создаде бројни теории на заговор.
Една од најинтересните е идејата дека жената патувала низ времето и случајно е снимена додека раговара со некој од иднината.
Сепак, откако јавноста станала опседната со видеото, се јавил еден корисник кој тврди дека жената од видеото му е роднина, како и дека постои научно објаснување за необичната снимка.
Дамата која ја гледате е мојата прабаба Гертруда Џоунс. Таа работела во фабриката „Дупонт“, која ја развивала новата безжична технологија. Тогаш имала 17 години и на се се сеќава јасно. Вели дека тогаш експериментирале со безжичните телефони и дека пет примероци им биле дадени на неа и на колегите. Гертруда е снимена додека разговара со еден научник кој бил во близина.