Рик Роснер, кој има коефициент на интелегенција 192, во моментов е втор на листата на најинтелегентни луѓе во светот, веднаш зад грчкиот психијатар Евангелос Катсиоулис, чиј Ај-Кју изнесува 198.
Но, и покрај натпросечната интелегенција (просечниот Ај-Кју е околу 100), Роснер е невработен, а неговата дневна рутина е особено невообичаена. Тоје е опседнат со неговата здравствена состојба до таа мерка, што конзумира 50 таблети дневно, меѓу другото и, како што наведува во интервју за „Дејли“, за „да не стане глупав“.
Роснер работел како сценарист, стриптизер и исфрлувач, а моментно пишува книга под наслов „Глупав генијалец“. Слободното време освен во пишување, го користи за вежбање, голтање таблети и за развивање разни теории.
– Секој ден пијам кафе и аспирин, а меѓу другото, и експериментална таблета која наводно од мозокот го исфрал талогот на протеини кои предизвикуваат Алцхајмерова болест. Едноставно сакам што подолго да останам жив и здрав, вели Роснер.
Тој секој ден конзумира, меѓу другото, таблети омега 3, аспирин, метформин, метопролол, коктел мултивитамини… Таблетите се со различно делување: за редуцирање на мастите, стабилизирање на крвниот притисок, чистење на црниот дроб…
Роснер моментно живее во Лос Анџелес со неговата сопруга и признава дека рутината која ја има е резултат на неговата опсесивна личност.