„Призн инсајд Ми“ е центар наменет само за намалување на стресот на кои сме изложени, сместен на периферијата на Хонгчеон, град оддалечен 94 километри од Сеул.
На идеата за овој бизарен центар за лекување дојде, Квон Јонг-сеок, 47-годишен ма, кој порано работел како адвокат.
– Тогаш не знаев како да престанам да работам. Имав чувство дека ме носи струјата против моја желба и дека немам никаква контрола над својот живот, изјави Квон за Вол стрит џурнал.
Тогаш одлучил дека сака некое време да помине во затвор. Го замолил пријателот кој работел како управител на затворот да го смести на неколку дена и да добие некоја ќелија исклучиво од терапвтски причини, но бил одбиен.
Затоа олучил да ги земе работите во свои раце и испланирал духовен центар кој наликува на затвор. Отворен е минатата година во јуни, после една година уредување и вложени 19 милиони долари кои се покриени со кредити и донации.
Од гостите се очекува да ги предадат нивните мобилни, книги и други предмети и да облечат униформи. Потоа се носат во една од 28. ќелии од шест квадрати, опремени со тоалет, мијалник и мала маса. Храната се послужува низ дупка на вратата и тоа е место на кое го поминуваат најголемиот дел од времето, во медитација и размислување. Постојат и заеднички медитации, духовни предавања и терапевтски „игри“. Две ноќи во овој „затвор“ чини 146 долари.
Иако концептот звучи едноставно, Квон и неговата сопруга многу се мачат околу организацијата. Првобитно предвиделе подолги претстојувања за нивните клиенти, но луѓето не можат да земаат толку многу слободни денови. Исто така присилени се на голем компромис – мораат да дозволат гостите да ги проверат нивните паметни телефони барем еднаш дневно.
– Луѓето се многу нервозни без нивните телефони и премногу се грижеа да не се случи нешто итно, што повремено и се случува, рече Квон.
Тој истакна дека колку и да е задоволен со програмата, сепак смета дека просторот би требало да биде посиромашен и повалкан.
– Би било покорисно за учење самоконтрола кога просторот би бил посиромашен како вистинскиот затвор, рече тој. Но клиентите, се чини, дека се многу задоволни и стотици Корејци доаѓаат тука за да се одморат од секојдневниот стрес.
Еден од гостите комиентира:
– Од една страна многу е тешко поради физичката ограниченост. Но, од друга страна, многу корисно затоа што можат да погледнат внатре во себе и да разговараат сами со себе.
И тоа е всушност тоа што Квон сака гостите да понесат со себе – поглед во својата внатрешност.
– Се надевам дека ова место им дава на луѓето можност да размислуваат за себе. Понекогаш се движам наназад само за да го проучам патот кој сум го поминал. Луѓето тоа ретко го прават и само мислат на она што е пред нив. Мислам дека мораме да гледаме и во минатото, додаде Квон и заклучи:
– Искрено, тридневната програма е прекуса, но луѓето се бунат ако е подолга. Би сакал кога луѓето би ја искористиле оваа ретка можност и да помислат за минатато и да успорат.