ВИДЕО: Високотехнолошкиот руски робот бил маскиран маж

Од:

Високотехнолошки робот претставен на отворањето на Технолошката конференција во рускиот град Јарослављ, се откри дека е маскиран маж, пренесуваат западни медиуми.

Имено, андроидот „Борис“ ги демонстрирал своите танцувачки вештини и кажал неколку реплики на руската државна телевизија „Россија 24″, а ТВ екипата сѐ тоа го прикажала како пример за технолошките постигнувања на земјата.

Набргу потоа, сепак, на интернет се појавија слики на кои јасно се гледа вратот на човекот внатре. Откриено е дека „Борис” е всушност вештачки костим-маска, наречен „Аљоша”, од компанијата Шоу Робот, и истиот чини 250.000 рубљи (3.314 евра).

Во официјално соопштение од „Россија 24″ признава дека се жртва на измама.

Информацијата за рускиот „супер робот“ првпат била објавена од информативната агенција МБХ Медиа, основана од Михаил Ходорковски, политички опонент на рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски