Папата Франциско имаше мала несреќа при симнувањето на авионот на аеродромот во филипинскиот главен град Манила.
Имено, ветерот ја дувна капата на папата, но благодарејќи на неговите ревносни соработници, таа набрзо повторно се најде на главата на понтифот.
Папата престојува во петдневна посета на Филипините, каде живеат повеќе од 80 милиони католици, па уште на аеродромот беше пречекан од голем број верници.