Со почеток во 21 часот вечерва е суперфиналето на Икс Фактор во кое за победата ќе се натпреваруваат шест кандидати меѓу кои и Боби Мојсовски од Македонија.
На суперфиналето специјален гостин е светската ѕвезда Џејмс Артур, а ќе настапи и хрватската пејачка Јелена Розга која според најавите подготвува провокативен настат на големата сцена на белградската Комбанк Арена.
Промоции на своите нови песни ќе имаат и членовите на жирито, а прв ќе ја отвори вечерта Жељко Јоксимовиќ со сингл од новиот албум по шест години.
Пред суперфиналето владее голема возбуда.
– Се уште не можам да верувам дека влегов во суперфиналето. Не го очекував тоа. Се вознемирувам од фактот дека 12.000 луѓе влегов во 6 најдобри, вели Боби Мојсовски кој не крие дека е важна победата.
– Победата е важна зошто ова е сепак натпревар, но мојата основна цел беше да го слушнам мислењето на публиката но и мојата промоција во регионот, рече Мојсовски за Прва ТВ.