(ВИДЕО) Ужасни детали од убиството на 14-годишното девојче за кое е обвинет пејачот Д4вд

Од:

Обвинителството на округот Лос Анџелес објави нови детали за случајот против американскиот пејач Д4вд, обвинет за убиство на 14-годишната Селест Ривас Хернандез.

Обвинителите велат дека Дејвид Ентони Бурк, кој е познат под името Д4вд, минатата недела е обвинет за убиство од прв степен, сексуален однос со лице под 14 години и осакатување на човечки остатоци. Според тие наводи, тој знаел дека Селест Ривас Хернандез е малолетничка додека продолжил да има сексуални односи со неа.

Обвинителството тврди дека на 23 април минатата година, тој ја однел девојката до куќата што ја изнајмил во Холивуд Хилс со Убер, откако таа наводно се заканила дека ќе открие информации за нивната врска и со тоа ќе му ја уништи кариерата.

„Знаејќи дека морал да ја замолчи жртвата пред да му ја уништи музичката кариера, многу брзо по нејзиното пристигнување во неговиот дом, обвинетиот ја избодел жртвата неколку пати и стоел таму додека таа крварела. Во ниту еден момент не ја повикал полицијата ниту ја однел во одделот за итни случаи за да се обиде да ѝ го спаси животот“, се наведува во судските документи.

Потоа се обидел да ги прикрие трагите, отпатувал во Санта Барбара за да отстрани докази, нарачал лопата, две моторни пили, вреќа за тела, вреќи за перење, надувувачки базен и таканаречен „кафез за горење“ (кафез или сад за горење, кој вообичаено е наменет за безбедно и ефикасно горење на отпад од дворот) под лажното име Викторија Мендез. Обвинителите тврдат дека го распарчил телото во гаражата и ги ставил деловите во предниот багажник на својот автомобил, каде што подоцна биле пронајдени остатоците.

Исто така, беше наведено дека Д4вд ја запознал Селест во 2021 година кога таа имала 11 години и дека почнале да имаат секс во ноември 2023 година кога таа имала 13, а тој 18 години. Одбраната ги отфрли сите точки од обвинението и побара прелиминарниот поднесок да биде запечатен, но судот одби. Следното рочиште е закажано за 12 мај.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби