Повеќе од стотина Унгарци, облечени само во долна облека или костими за капење учествуваа во трката „Father Christmas“ во Будемпешта, која за цел има собирање на средства за добротворна полза.
За време на трката, температурата беше под нула. Трката „Father Christmas“ се одржува веќе 9-ти пат во Будимпешта. Оваа година собраните пари одат во фондацијата „Magic Lamp“ која ги исполнува желбите на болните деца.