Џесика Џует е уметник која има посебни потреби.
Родена е со ретка болест па така таа не е во можност да ги користи нејзините раце за да создава уметнички дела. Џесика ја користи нејзината уста за тоа.
Делата нејзини се прекрасни и полни со детали, а тоа го препознаа илјадници американци ширум земјата.
Нејзиниот последен проект е да помогне финансиски на еден музеј во Мејн што има потреба од реставрација.
„Јас не сум доволно богата да донирам средства на музејот, но помагам на тој начин што ги продавам моите уметнички дела, а парите одат кај музејот за обнова“, рече Џесика за американската национална телевизија „CBS“.