(ВИДЕО) Томи Кранг ѕвезда на шведскиот избор за песна на Евровизија

Од:

На изборот за претставник на Шведска на овогодишниот Евросонг, што се оддржа минатиот викенд, победи Манс Зелмерлов.

Но, победникот падна во сенка на разиграниот и енергичен танц и на јазикот на глувонемите на Томи Кранг, кој го интерпретираше настапот на еден друг натпреварувач, Магнус Карлсон.

Томи ентузијастички ја преведуваше песната за лицата со оштетен слух, а неговата изведба за само три дена на Јутјуб ја прегледале над 1,5 милиони луѓе.

На социјалните мрежи веќе се појавија и барања на Изборот за песна на Евровизија во Виена, Шведска да ја претставува 48-годишниот Томи.

– Ова е волшебно. Бомбардиран сум со љубов од илјадници луѓе, а добив дури и понуди за брак. Ова никогаш не можев да го замислам, тоа е нешто што се сллучува еднаш во животот. Мило ми е што јазикот на глувонемите доби толку големо внимание, изјави Кранг за „Дејли Мејл“.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија