Серијата „Беверли Хилс“ продолжува да се снима по години пауза со старата екипа. За жал без Лук Пери, легендарниот Дилан, кој годинава почина од мозочен удар.
Тимот се збогуваше со познатиот американски актер преку емотивна снимка.
Поточно, на снимката се Џени Гарт која ја толкува улогата на Кели Тејлор и Тори Спелинг како Дона Мартин гледајќи сцена од 90-те години на „Беверли Хилс“, во која се појавуваат Лук Пери во улога на Дилан Мекеј и Џејсон Присли како Брендон Волш.
Двајцата стигнуваат на плажа на Тихиот океан во автомобил, а потоа Дилан му кажува на Брендон – „Добредојде во рајот. Добредојде таму каде што се остваруваат соништата.“
На крајот се појавува порака во која се вели: – „За нашиот пријател, Лук Пери (1966 – 2019)“.