Канадско-француската пејачка со уметничко име Ла Зара некои корисници на социјалните мрежи веќе ја прогласуваат за фаворит на натпреварот за песна за Евровизија..
Франција на Евровизија 2023 во Ливерпул ќе ја претставува пејачката под уметничкото име Ла Зара со песната Évidemment. Таа е и коавтор на песната која моментално го држи 11-то место во обложувалниците. На социјалните мрежи се посилно се шират реакциите на ентузијастичките корисници. Многумина веќе ја прогласија за фаворит на натпреварот, па дури и за победничка, а песната ја сметаат за најубава што ја слушнале оваа година.
Ла Зара, која е родена како Фатима Захра Хафди, е француско-канадска пејачка. Таа е родена во Монтреал и е голем фан на Евровизија. Како дете честопати заедно со нејзината мајка ја пееше победничката песна „L’oiseau et l’enfent“.
Таа е целосно самоука, но многу брзо почна да пишува песни инспирирани од нејзините искуства, исповеди и други длабоки емоции. Нејзините обожаватели истакнуваат дека нејзиниот специфичен глас и овозможува преку музиката навистина да и ги каже на публиката своите желби, надежи и разочарувања со единствен кредибилитет.
Оваа млада жена минатата година постигна голем успех со нејзината песна „Tu t’en iras“ која собра повеќе од 19 милиони прегледи на YouTube.
Ла Зара го опишува „Évidemment“ како „универзална љубовна песна“ и „химна што секој може да ја пее“. Нејзината песна, велат обожавателите, го носи слушателот на патување додека Ла Зара открива наплив на отпор што излегува од пепелта на бурна врска.