ВИДЕО: Стефан и Мартин од „Некст Тајм“ ја објавија последната преработка на стара македонска песна

Од:

Кино „Миленум“ вчеравечер беше претесно да ги собере фановите и пријателите на музичката група „Некст Тајм“, која го промовираше најновиот проект на кој се работеше буквално две години.

„Кога падна на Пирина“ е песната од која Стефан, Мартин и нивната екипа направија ремек-дело за слушање и гледање.

Тоа најдобро го покажа и неколкуминутниот аплауз во салата и солзите кај повеќето од публиката по промоцијата на видеото.

Сигурни сме дека нема да има Македонец на планетава кој нема да го „допре“ длабоко во душата ова што близнаците го направија заедно со Николче Мицевски, Огнен Шапковски, Кристијан Тодоров и останатата екипа.

„Со гордост ви го претставуваме нашиот најнов видео запис. Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди.Г о понудивме на Македонија тоа што го заслужува“, им порачаа Мартин и Стефан на присутните во салата.

Инаку, пред промоцијата на видеоспотот, во салата гостите можеа да го погледнат и краткиот документарен филм во кој учесниците во проектот, а се разбира и Стефан и Мартин раскажаа за целиот процес на создавањето на овој прокет.

Она што можеби малку ги разочара присутните е информацијата која ја споделија Стефан и Мартин – дека ова е всушност последен ваков проект со преработки на стари македонски песни.

После ова „Некст Тајм“ вртат нов лист…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска