ВИДЕО: Старица во Њујорк претепа крадец којшто и провали во домот

Од:

Кога еден маж во Рочестер, Њујорк, одлучил да провали во куќата на 82-годишната старица, Вили Марфи, не знаел дека идејата ќе му се одбие од главата, но буквално.

Во изјава за странските медиуми, Марфи објасни како се случило сè. Таа рече дека се подготвувала да спие кога некој почнал да тропа на нејзината влезна врата, молејќи да повика брза помош, пренесува Си-Ен-Ен.

Таа рече дека повикала полиција и не го пуштила мажот во куќата, но тој се налутил и ја разбил вратата.

„Тој избра погрешна куќа. Темно е, јас сум сама и стара. Но, погодете што, сè уште сум силна“, рече Марфи, покажувајќи ги своите мускули.

Марфи е наградувана бодибилдерка која во деветата деценија од животот, секој ден вежба во локална теретана. Како што изјави, користела неколку предмети за домаќинството за да го нападне 28-годишниот натрапник.

Таа вели дека ја скршила масата од него, а потоа продолжила да го удира со металните ногарки на масата. Откако неколку пати скокала врз него, таа истрчала во кујната, земала шише шампон за бебиња и го испрскала мажот во лицето додека се обидувал да стане.

На крајот Марфи го истепала крадецот со метла. Набргу потоа пристигнала и полицијата, како и брзата помош која го одведе крадецот.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум