Американската вселенска агенција НАСА објави снимка направена со сондата „Џуно”, на која се гледа џиновско атмосферско движење на планетата Јупитер.
На снимката вдесно се забележува непрекинато движење на џиновски гасовит ураган, а влево – стихијна појава на друг огромен виор.
Снимката е направена кон крајот на март, кога „Џуно” беше на растојание од само 12.700 километри од големото невреме.