Видео снимка на бебе, кое во стомакот на мајката плеска со рачињата додека му ја пеат позната детска песна „Кога си среќен“ ги разнежни луѓето низ целиот свет.
Џен Кардинал заминала на ултразвучно испитување во 14. недела од бременоста, а тоа што на ултразвукот го виделе ги изненадило неа, нејзиниот сопруг и лекарот Џејн. Тие сакале да го дознаат полот на нивното бебе, но освен тоа го виделе бебето како аплаудира.
Со оглед на тоа дека имаше многу коментари на Интернет дека видеото е монтирано, родителите појаснија дека бебето навистина аплаудирало, а потоа заедно со нивниот лекар ја монтирале снимката за да изгледа токму како бебето во стомакот да плеска во ритамот на песната „Кога си среќен“.
Видеото за три дена на Јутјуб е видено повеќе од 1,7 милиони пати.