ВИДЕО: Скутер на склопување

Од:

Скутерот на склопување Moveo е најновото превозно средство наменето за оние кои секој ден патуваат.

Лесниот, склоплив скутер, кој го придвижуваат два елетромотора сместени во тркалата, е тежок само 25 килограми и постигнува максимална брзина од 45 км/час. Откако батеријата ќе се испразни, за нејзино полнење се потребни околу еден час.

Ако се соберат доволно пари, годишно ќе се произведуваат по 15.000 електро скутери и тоа во фабрика која се наоѓа на западот на Унгарија.

Произведувачот, унгарската непрофитабилна организација „Antro Group“, посветена на произведување еколошки прифатливи облици на транспорт, вели дека скутерот ќе чини околу 2.000 евра и оти во продажба ќе се најде во текот на следната година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on