Бендот Måneskin со песната „Zitti E Buoni“ и ја донесе евровизиската победа на Италија. Покрај драмата во финалето вниманието на светските медиуми го привлече прес конференција по прогласувањето на победниците.
На неа лидерот на групата Дамијано Давид доби скандалозно прашање. „Дали користел кокаин за време на Евровизија“ го праша шведски новинар.
„Не користам дроги, кокаин не, ве молам не го велете тоа“ – одговори Дамијано Давид.
Новинарот објасни дека на снимка од моментите додека се чекаат резулататите, пејачот ја наведнува главата на масата и дека овој потег предивикал лавина реакции на социјалните мрежи во кои се тврди дека земал кокаин за време на манифестацијата.