Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчаа во саботата на неверојатна свадбена церемонија во неговата вила во Џорџија вредна 8,9 милиони долари, опкружени со семејството, пријателите и познати личности од А-листата.
Славната двојка позната како „Бенифер“ ја воодушеви публиката, Лопез облечена во неверојатна бела тоалета на Ралф Лорен со долг вел, додека Афлек носеше бело-црн смокинг.
Jennifer Lopez and Ben Affleck’s wedding ? pic.twitter.com/zs82zxjUC3
— Bennifer Updates (@BenniferUpdates) August 21, 2022
Фотографиите направени одозгора покажуваат совршени моменти, насмеани гости покрај брегот, пред огромната вила.
I know it’s so cliche but I LOVE that JLO and Ben Affleck got married 20 years later ❤️ pic.twitter.com/9JZ4lteOHJ
— Whiskey Tango Foxtrot (@LeahJayK) August 21, 2022
Брачниот пар полека чекореше по снежно белиот олтар поставен специјално за тој ден.
Огнометот од езерото на имотот требаше да ја заврши вечерта. Среќното обединување на парот дојде 20 години откако почнаа да се забавуваат, а потоа се верија.
Тие веќе еднаш закажаа свадба, за да ја откажат есента 2003 година, обвинувајќи го преголемото медиумско внимание.
По венчавката, на парот им се придружија блиските пријатели и семејството, вклучувајќи ги и нивните деца од третиот сопруг на Џенифер, Марк Ентони, како и од првата сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер.
Fireworks at Jennifer Lopez and Ben Affleck’s wedding in Georgia ? pic.twitter.com/8Uh5pZmdVE
— Bennifer Updates (@BenniferUpdates) August 21, 2022