Откако имале зачестени необични појави во нивниот дом, едно бразилско семејство одлучило да вгради камери за видео надзор за да утврдат што се случува, објави „Дејли мејл“.
Роберт (54), Полин (52) и нивниот син Бери (33) во куќата живееле десет години, а во шестата година започнале да забележуваат чудни работи во близина на собата на Бери. Тие помислиле дека таму се наоѓа своевиден „портал“ за преминување кон другиот свет.
Кога нивните пријатели и соседи дознале за чудните случки престанале да ги посетуваат, а Роберт на почетокот на годината решил да постави камери низ куќата за да откријат што точно се случува, пишува порталот.
На снимките се забележувале предмети кои што сами се подмрднуваат. Шолја за кафе се подмрднува, додека Бери става кафе во друга шолја, столица во кујната сама се врти, а вратата сама се затвара и отвора.
Семејството толку се исплашило од снимките, што размислувале да повикаат егзорцист или детектив кој истражува паранормални појави. Сепак тие не го напраивле тоа поради можноста да се работи за дух од некој нивен близок, пишува „Дејли мејл“.