ВИДЕО: Се случи чудо, ќе бидам мајка на близнаци – објави оскаровката Хилари Свонк

Од:

Оскаровкатаа Хилари Свонк во гостувањето на „Добро утро, Америка“ објави дека таа и сопругот Филип Шнајдер очекуваат близнаци.

Ѕвездата на „Аљаска дејли“ нагласи дека мајчинството е нешто што го посакувла долго време.

„Има нешто што го чекав многу долго и сега можам да ви кажам – ќе станам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува”, рече таа.

„Се чувствувам одлично во моментов, но мојата облека почнува да се чувствува тесно“, се пошегува актерката, а потоа додаде: „Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“.

Хилари и Филип се во брак од 2018 година, а претходно беа во врска две години.

Би можело да ве интересира

Во Калифорнија родени близнаци кои ќе слават различни родендени

А1он

ВИДЕО: Африканка роди девет бебиња, мислеле дека носи седум

Жарко Настоски

Бразилски близнаци ќе плаќаат детска поддршка за едно бебе