ВИДЕО: Африканка роди девет бебиња, мислеле дека носи седум

Од:

Халима Киси, 25-годишна жена од Мали, роди девет бебиња во Мароко – две повеќе отколку што лекарите претходно успеале да избројат на ултразвук.

– Киси роди пет девојчиња и четири момчиња со царски рез и сите се чувствуваат добро, рече д-р Фанта Сиби, министерката за здравство на Мали.

Тимот во клиниката во Мароко каде што се породила 25-годишната жена од Мали се надеваат дека петте машки деца и четирите девојчиња ќе се изборат низ критичните први денови по раѓањето. Во моментов, жена од САД го држи светскиот рекорд за број на новородени деца кои преживеале – осум, а „деветорката“ на Киси може да го урне рекордот.

Министерката Сиби додаде дека породувањата за време на кои се раѓаат девет бебиња се многу ретки, компликациите се чести, па се случува новороденчињата да не преживеат. Taa им честиташе на членовите на двата медицински тима за успешното породување.

Бременоста на Халима беше следена со воодушевување во Мали и кога се сметаше дека таа ќе роди седум бебиња.

Лекарите биле загрижени за нејзиното здравје и за тоа дали бебињата ќе преживеат, па и власта се вклучи во обезбедувањето помош за родилката.

– По двонеделен престој во болница во Бамако, главниот град на Мали, донесена е одлука Халима да се префрли во Мароко на 30 март, рече Сиби, додавајќи дека таа се породи по пет недели престој на клиниката во соседната земја.

Мајката и бебињата уште најмалку неколку недели ќе мораат да бидат во болница, соопштија лекарите.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска