Индонезискиот љубител на змии познат како Нордџани, се пофали со кобра пред селаните на”Пак Утан”.
Тој ја фати опасната кобра од 5 метри една недела претходно и ја чуваше во својата дрвена колиба за да извлече отров за кој верува дека има лековити својства.
Ја вртеше змијата и ја покажуваше на сите, меѓутоа колку и да му беше забавно на него, змијата стана агресивна и го касна.
Иако тврдеше дека е еден од најдобрите исцелители во областа, два часа по овој настап му се слоши, па е префрлен во болница за да добие противотров.
Меѓутоа отровот веќе се прошири во крвниот систем и немаше спас за него. По неколку часа почина.