(ВИДЕО) Сцена од која застанува здивот: Авион полетува вертикално

Од:

Најмногу авионски несреќи се случуваат при полетувањето или слетувањето, поради што за луѓето кои имаат страв од летање. Tие моменти се најстресен дел од патувањето.

Снимката од аеромитингот во Германија која е неодамна објавена на интернет за некои делува како ноќен кошмар.

На видеото се гледа како Аирбус А350 полетува сосема вертикално. Тркалата се одвоија од пистата без голем залет, а авионот се издигнува во воздухот по вертикална линија. Во авионот со 325 патнички места за време на оваа вежба немаше патници.

Аирбус овој импресивен маневар го демонстрираше на конвенцијата за иновации која се одржа во Берлин.

Би можело да ве интересира

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија